еМагазин
Image default
Македонија

Какви доверливи информации има Боки 13?

Освен што на вчерашното судење за “Рекет“, првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 рече дека добива закани за физичка ликвидација, тој посочи и дека со јавниот обвинител, Љубомир Јовески, кој го информирал за заканите, сака да сподели доверливи информации.

Но за сега не добил никаков одговор од Јовески.

„Сакам да укажам на неколку околности, прво околу мојата здравствена состојба, а потоа и нееднаквиот третман на сите нас пред Уставот. Овде ќе се повикам на членовите 9, 10 и 11 од Уставот кои укажуваат на тоа дека сите треба да сме еднакви дека е забрането мачење и нечовечно однесување кон кој било од нас.

Се чувствувам загрозено и понижено и укажувам дека добивам закани за моја физичка ликвидација. Испратив писма до надлежните институции, вклучувајќи го и Љубомир Јовески. Одговор оттаму немам добиено и не ја исклучувам можноста да ги употребам сите демократски права, вклучувајќи протест, односно штрајк со глад, кој укажувам дека, со оглед на мојата здравствена состојба може да биде фатален“, рече Боки 13.

За сега останува мистерија со какви доверливи информации располага Боки 13.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои високи преставници му се закануваат на Боки 13?.

Обвинение за случајот „Меѓународен сојуз„: Боки 13 обвинет за измама, Ременски дека му помагала во измама

Боки 13 најавува штрајк со глад: Се чувствувам како политички затвореник

Фото: Боки 13/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест новозаболени од Ковид-19 во Куманово

Редакција

10 години затвор за македонски државјанин кој транспортирал марихуана преку границата со Бугарија

Редакција

Влада: Најмногу за датум за нас се „бореa“ Грција, Австрија, Словенија…

Редакција