еМагазин
Image default
Македонија

Османи: Засега без договор со СДСМ за можниот консензуален кандидат за претседател

ДУИ останува на ставот дека Македонија треба да има консензуален претседателски кандидат и оти предвремни избори не се во интерес на државата, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Начелно имаме прелиминарен договор со СДСМ дека на овие избори ќе излеземе со заеднички кандидат. Сме разговарале и за одредени имиња за кои се шпекулира во јавноста, меѓутоа немаме договор досега во однос на тоа кој ќе биде кандидатот. Очекуваме да разговараме и за конкретни имиња, меѓутоа ДУИ останува на ставот дека Македонија треба да има консензуален претседател, рече Османи.

Тој нагласи дека оваа идеја ја застапуваат од 2014 година, опстојуваат на неа и денес и ќе продолжат да ја застапуваат и во наредните мандати ако не успеат сега.

Во однос на предвремени парламентарни измени, Османи нагласи дека партискиот интерес е да има парламентарни избори денеска-утре, бидејќи досега немале таква можност за силна победа како сега, но оти тоа не е државен интерес, туку завршување на процесот за отпочнување претпристапни преговри.

Запрашан во однос на тоа кои се прифатливи кандидати за ДУИ, Османи рече дека е рано да се разговара за тоа, подвлегувајќи го партискиот став оти сметаат дека кандидатот треба да ги надмине етничките и партиските линии, но, доколку има добар кандидат, и во рамки на партиите, ние сме подготвени да разговараме.

-Мислам дека е рано да разговараме за имиња, бидејќи го компромитираме процесот, граѓаните да го кажат прво своето мислење во различни испитувања на јавното мислење, рече Османи, запрашан дали Шекеринска и Спасовски се прифатливи кандидати за ДУИ.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ќе пресече: Ќе има ли предвремени парламентарни избори

Шекеринска, Димитров, Пендаровски и Спасовски „намигнуваат“: Кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евродипломати не исклучуваат можност за разговори за Македонија на Самитот на ЕУ

Редакција

Од Бугарија нема сигнал дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде нивно последно барање, вели Пендаровски

Редакција

АВМУ: Прекршочни пријави за 1ТВ и ТВ Сонце за недозволено референдумско рекламирање

Редакција