Полицијата привела 21-годишно момче кое со себе имало воздушна пушка и дијаболи, информираа од Министерството за внатрешни работи.
„На 09.08.2024 година во 20.30 часот на патот Средно Водно кон туристички објект „Македонско село“ во Скопје, на подрачјето на ПС Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полција при СВР Скопје го привеле П.П. (21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена воздушна пушка „Славија 624“ и дијаболи калибар 4.5,“ се вели во соопштението.
По целосно документирање на случјат ќе следува соодветент поднесок по чл.80 ст.1 од Законот за оружје.
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.