еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во изминатите три дена, 96 нови случаи на Ковид-19, оздравени 288, четири починати лица

Во изминатите 3 дена (од 24.09 до 26.09.2022 година) регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19 од направени 962 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 19 реинфекции.

Најмногу од новите случаи се во Скопје – 66, Куманово – 5, Велес – 4, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Битола и Штип – по 2, Гевгелија и Неготино – по 1.

Регистрирани сe 288 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (24.09 – 26.09.2022) пријавено е едно починато лице, од Скопје (87г).

Дополнително се пријавени три починати лица согласно Регистарот на починати од ковид од Мој Термин.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македеонија од почетокот на епидемијата изнесува 342.615, бројот на оздравени пациенти е 332.710, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нашинците во Хрватска нема заразени од коронавирус, се очекува 220 граѓани да бидат префрлени со авион во Скопје

Редакција

Скопје, Тетово, Штип и Куманово во 4 фаза: Проценки за понатамошно ширење на Ковид-19

Редакција

Хуманитарен концерт за Леонид во кафе-бар „Мартини“

Редакција