еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Хуманитарен концерт за Леонид во кафе-бар „Мартини“

Во кафе-бар Мартини во Скопје, утревечер ќе се одржи хуманитарен концерт за Леонид Индов. Средствата од продажбата на картите ќе бидат наменети за негово лекување.

На концертот ќе настапат Боби Павловски, Мартина Митревска, Драган Темелков, Огнен Здравковски, Пајак.

Картите чинат 300 денари, а сите информациите може да ги добиете на телефонските броеви 070 355 902 и 02 3061 127.

Младиот Леонид Индов (18), кој беше дел од победничкиот тим AERTH на NASA Space Apps Challenge 2022 од Скопје, летово доживеа сериозна несреќа за време на летување во Грција, по што му беше направена комплицирана операција на ‘рбетниот столб.

На Леонид му е потребно итно лекување со рехабилитација во специјализирана здравствена установа!

За жал во Македонија нема соодветна установа и методи за лекување, а секое дополнително чекање ќе го направи опоравувањето многу потешко. Клиники од Австрија и Швајцарија веќе го разгледаа неговиот случај и даваат солидни шанси за опоравување.

Со вашата поддршка ќе му го дадете најубавиот Новогодишен подарок на Лео и ќе помогнете да продолжи да биде инспирација за следните генерации. Секој мал придонес ќе помогне во остварувањето на неговиот сон за нормален живот

Ве молиме донирајте преку:
1. Јавување на телефонските броеви Т-мобиле: 143-118 / А1: 143-500 (100 денари од јавување)
2. За уплата од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ Банка
3. За уплата од странство: IBAN: MK07210501567799991, SWIFT: TUTNMK22, NLB BANKA AD SKOPJE
4. Уплата од странство со картичка преку GoFundMe: https://bit.ly/Donate4Leo

Лео е исклучително момче, кое зрачи со посебна енергија, добрина и кроткост. Тој е и голем другар и талентиран млад програмер, кој оваа година требаше да оди во 4 година во Матматичката гиманзија, но на него и неговото семејство им претстои голема борба.

Сега е моментот да покажеме колективна добрина, човечност, како и корпоративна одговорност, за што побрзо да ја вратиме намевката на неговото лице!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши увидот во „Треска“, пожарот не предизвикал штети по здравјето на граѓаните, тврдат од Општина Центар

Редакција

Илон Маск стана газда на Твитер

Редакција

Просечната возраст на заболените со Ковид-19 во Македонија е 44,2 години

Редакција