еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кешишев сведочеше дека со Манев ја копал дупката кај Велес, мислел дека бараат злато

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, за првпат сведочеше обвинетиот Влатко Кешишев.

Пред неговото сведочење од судницата беше отстранет првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, бидејќи тој се плашел да сведочи пред него.

Кешишев рече дека се познавал со сите обвинети, освен со таткото на Ѓорчевска, обвинетиот Александар Ѓорчевски, за кој кажа дека првпат го видел во судница.

Жежовски и Ѓорчевска ги видел на Фејсбук, од претходно не ги знаел, а за нив дознал откако била објавена информацијата за Жежовски.

Кажа и дека со обвинетиот Велибор Манев ја копал дупката кај Велес во која по околу една година ќе биде закопан Жежовски.

Тој тврди дека првично мислел дека бараат злато, а потоа Манев му кажал дека е за киднапирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетиот Кешишев раскажа за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Манев тврди дека незнаел дека Палевски носел пиштол, инаку немало да биде во судница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Најубавите маски на Струмичкиот карневал

Редакција

За што се работи во предметот “Поштенска банка“ на СЈО, за кој зборува Заев во новата „бомба„

Редакција

(Видео+фото) Жена од Македонија загина во страшна сообраќајка кај Лесковец, семејството се враќало од Словенија

Редакција