На генералниот директор и претседател на Одборот на директори на Тетекс АД Тетово, Бобан Гоговски по основ на менаџерски договор во 2023 година му се исплаќал месечен надомест од 408.600, односно вкупно 4.491.000 денари, соопшти Друштвото во Годишниот извештај за работењето минатата година, објавен преку Македонската берза..
На Гоговски по основ на менаџерскиот договор лани му е исплатена и награда во износ од 3.226.156.денари, односно 5% од остварена добивка во 2022 година.
Покрај членство во Одборот на директори на Тетекс, Гоговски е претседател и на Надзорниот одбор на ТТК Банка и член на Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетекс ќе дели дивиденда од 110 денари бруто по акција
Тетекс откупи 704 сопствени акции
Згасна ќерката фирма на Тетекс – Петролгас