еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е компанијата „е.ГО“, која во Тетово требаше да отвори фабрика за производство на електрични автомобили

Производство на електрични автомобили во Македонија, поточно во фабрика во економската зона во Тетово, нема да има.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Тетово нема да се произведуваат електрични автомобили, раскинат договорот со компанијата “е.ГО“

Истите требаше да ги произведува „е.ГО“, “ќерка“ фирма на германската компанија „Некст е..ГО Мобиле“.

Во фабриката во Тетово беше најавувано дека ќе се вработат 900 лица, во првичната фаза, а во целосната реализација на проектот од 3.000 до 4.000 лица и дека платите во просек ќе бидат од околу 1.340 евра бруто.

Зошто се запре договорот за државна помош

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) одлучи да го запре договорот за државна помош за „е.ГО“, поради несолвентност на компанијата „мајка“.

Државаната помош за „е.ГО“ требаше да изнесува 35% од вкупната инвестиција од 130 милиони евра.

Од ТИРЗ велат дека досега не се доделени никакви државни средства на компанијата.

Која е „е.ГО“

Уште кога беше најавена оваа инвестиција, во македонските медиуми беше пренесена информацијата на германските, дека во Германија за оваа компанија била отворена стечајна постапка.

Радио Слободна Европа (РСЕ) во истиот период 2022 година пак објави дека „Некст е..ГО Мобиле“ во Македонија е регистрирана на само две недели пред да го потпише договорот за државна помош со македонската Влада.

Според податоци на Централниот регистар, фирмата влегла во бизнисот со паричен влог од 5.000 евра.

Основач е германска фирма од градот Ахен, која се регистрирала во Дизелдорф во 2019 година.

Основач на македонската „Некст е..ГО Мобиле“ е ХБР 24014, стои во тековната сосотојба на фирмата, каде управител бил Фабијан Веисенборн.

Потписник на договоорт беше Али Везваеи, кој е претседател на Одборот на „е.ГО“, кој исто така е директор на фирмата „Еколог“, објави тогаш РСЕ.

Во деновите пред официјално да биде најавена инвестицијата, дел од медиумите објавија информации дека всушност инвеститорот е токму фирмата „Еколог“.

За нивната поврзаност со компанијата „Некст е..ГО Мобиле“, од „Еколог Интернешнал“ за РСЕ одговорија дека единствената врска меѓу двете фирми е тоа што се дел од портфолио холдинг компанија со седиште во Холандија (ND Group B.V.), а дека и двете компании се независни и работат во различни сектори.

Тоа за РСЕ го потврди и германската компанија, која одговорила дека не постои деловен однос помеѓу „Еколог“ и „Некст е..ГО Мобиле“, освен како акционери во холдингот.

За германската фирма Окружниот суд во Ахен отвори процес за неликвидност, а во 2020 година холандската компанија ја купила фирмата која била пред стечај, објави РСЕ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) “Снимавме во студио на заем“: Претседателот на Собранието, Гаши за раперските денови

Редакција

Со институциите не треба да раководи оној кој е посакуван, туку оној кој е најпотребен

Редакција

Бугарскиот премиер Петков во самоизолација, одложена посетата на Македонија

Редакција