Денеска во Македонија се обележува 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски.
Кој е Свети Климент Охридски
Свети Климент Охридски (840 — 27 јули 916 година во Охрид) е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.
Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј, кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени.
Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3.500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот.
Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.
Во чест на светецот, во Македонија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име како на пр. најголемата црква во Скопје (Соборниот храм), универзитетот во Битола, Националната и универзитетска библиотека на Македонија…
Користени материјали од Википедија.