еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Арбен Фетаи, кандидат за вицепремиер за политики и добро владеење

Арбен Фетаи од поделената Алијанса за Албанците (од крилото на Арбен Таравари), која е дел од коалицијата „Вреди“ е кандидат за вицепремиер за политики и добро владеење и министер без ресор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада

Кој е Фетаи

Роден е на 11. декември 1980 година во Куманово.

Завршил спецјалистички високи студии (DESS) по европски студии на Институтот за европски студии во Брисел, Белгија.

Има лиценца за политички науки, насока меѓународни односи на Слободен Универзитет во Брисел, Белгија.

Зборува француски, англиски и холандски јазик.

Политичка кариера и работно искуство

Тој е секретарот за надворешни работи на Алијансата за Албанците и шеф на кабинетот на Таравари.

Во 2022 година бил извршен директор на Институтот за јавни политики „Арбен Џафер“.

Во 2021 година бил кординатор во Аидофондс во Брисел, Белгија.

Од 2018 до 2021 година е советник во Нов вентуре фонд во Брисел, Белгија.

Од 2010 до 2018 година е советник во Акција за глобално здравје во Брисел, Белгија.

Од 2009 до 2010 година е секретар во Работната група на Европскиот парламент за население и меѓународен развој.

Од 2006 до 2008 година е офицер за врски во УНДП.

Од 2004 до 2006 година работел на проекти во Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Зоран Љутков, кандидат за министер за култура и туризам

Кој е Златко Перински, кандидат за министер за локална самоуправа

Која е Весна Јаневска, кандидат за министер за образование

Фото: Фетаи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Скано од СЗО: Состојбата е загрижувачка, но може да се стави под контрола со прекинување на ланецот на зараза

Редакција

Притвор за 39-годишен кумановец осомничен за полов напад врз сопствената ќерка, снимал видеа и ги објавил на социјални мрежи

Редакција

(Галерија) Скопје покажа дека е град за велосипеди: Околу 2.000 лица учествуваа на “Скопје на точак“

Редакција