еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието

Африм Гаши, поранешниот лидер на Алтернатива е избран за нов претседател на македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието

Образование

Роден е на 9. ноември 1977 година во Скопје.

Основно и средно образование завршил во Скопје.

Дипомирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово во 2007 година.

Во 2021 година магистрирал политички науки на Институтот за правни, социолошки и политички студии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Политичка кариера

Тој стана претседател на Алтернатива од нејзиното основање во 2019 година.

Во политика влезе во 2014 година во Беса, од која подоцна и се роди Алтернатива.

На последните парламентарни избори по третпат беше избран за пратеник.

Како пратеник во Собранието беше и во периодот од 2016 до 2020 година и од 2020 до 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Африм Гаши, новиот претседател на Собранието како рапер

Што друго работел

Интересен детал од неговата биографија е што за време на средното медицинско образование се занимавал и со музика, а со својата хип-хоп група „Празни џебови“ учествувал на разни фестивали.

Работел и како уредник во „Логос-А“ во САД, а познат е и како публицист.

Во 2011 година го основал списанието „Шења“ и до 2014 година беше негов главен уредник.

Оженет е и родител на две ќерки и еден син.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Беким Сали, кој ќе ja води Алтернатива, откако Гаши се повлече од лидерската позиција за да стане претседател на Собранието

Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Врба“ на Манчевски е македонскиот кандидат за „Оскар“ за 2021 година

Редакција

По втор пат усвоен нацрт амандманот со кој во Уставот „Република Македонија“ се заменува со „Република Северна Македонија“

Редакција

Палевски вели дека е невин и дека е наместен, имал докази

Редакција