еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е затвореникот кој со полицајци во штипскиот затвор си ја бараше дрогата

Јавноста вчера дозна дека на 20. февруари затвореникот Жан Железарски од Кочани, заедно со полицајци си ја барал дрогата во дворот на затворот во Штип, која претходно била фрлена од лица, надвор од затворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Полицајци му помагале на затвореник да си ја најде дрогата во штипскиот затвор

Полицајците ги излажал дека бараат скап часовник, вреден 1.000 евра, кој му го „украла кучката Цеца“, додека си играл со неа, а за инциденот има и снимка од видео надзорот на затворот.

Дрогата е најдена наредниот ден, а станува збор за 35 грама кокаин и 50 грама марихуана, кои се предадени на полицијата.

Следниот месец дисциплинска комија во затворот одлучила дека полицајците не се виновни, а е пронајдено и возилото и лицата кои ја префрлиле дрогата во затворскиот двор.

Кој е Железарски

Во 2013 година тој беше осуден на затворска казна од 14,5 години затвор за случајот „Детонатор„, за злосторничко здружување, обид за убиство, лихварство, измама…

Откако и се закани на судијката беше осуден на уште две години.

Во 2019 година избегал од затво, откако бил пуштен на отсуство. Во 2021 година беше уапсен во Косово.

Во 2022 година доби уште 1,5 година затвор за поседување оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната нето-плата во септември 41.585 денари

Редакција

СЗО за „продолжен ковид“: Замор, отежнато дишење, болка во градите, мускулна слабост

Редакција

267 се реинфекции: Нови 2.000 случаи на Ковид-19 од 5.779 тестови

Редакција