еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Иџет Мемети, кој остана без пасош поради случајот со судијата Георгиев

Членот и потпретседател на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, е во фокусот на јавноста поради случајот со врховниот судија Наке Георгиев, за поткуп од 10 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иџет Мемети остана без пасош поради случајот со поткуп

Вчера по барање на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое отвори истрага за случајот, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на Мемети, кој е второосомничен во истата, му одреди мерки на претпазливост, и тој остана без пасош, а треба да се јавува и во суд.

Тој уште еднаш по донесувањето на оваа одлука за медиумите изјави дека не направил ништо незаконско.

Кој е Иџет Мемети

Роден е во јануари 1961 година во селото Раковец, Тетово.

Во 1986 година дипломирал на Правниот факултет во Приштина.

Во 2000 година положил правосуден испит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Иџет Мемети, осомничен за случајот со Наке Георгиев

Работно искуство и политичка кариера

Во 1987 година професионалното искуство го започнал како секретар во основното училиште во селото Требош,Тетово, стои во неговата биографија.

Подоцна бил избран за заменик – секретар на Владата на Република Македонија.

Во 1995 година ја извршувал функцијата секретар во Владата.

Во 1998 година повторно бил избран за заменик – секретар на Владата.

Во 1999 година бил номиниран за републички советник.

Во 2000 работел како државен советник во Владата.

Во 2001 година стана министер за правда.

Во 2002 година повторно бил номиниран за државен советник во Владата.

Во мај 2003 година е избран за судија во Уставниот суд.

Во ноември 2003 година повторно е избран за министер за правда.

Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија.

Во декември 2004 година е избран за народен правобранител на Република Македонија.

Член е на Комисијата за изработка на Граѓанскиот законик на Република Македонија и на Комисијата за полагање на правосуден испит.

Во септември 2012 година е одликуван со орден „Офицер на националниот ред за заслуги“ од страна на тогашниот претседател на Франција, Франсоа Оланд.

Во ноември 2012 година е одликуван со „Орден за граѓански заслуги“ од страна на кралот на Шпанија, Хуан Карлос Први.

Во декември 2012 година е реизбран за народен правобранител на Република Македонија.

Во декември 2020 година е избран за член на Соиветот на јавните обвинители, а во септември лани стана потпретседател на Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е судијата Георгиев кој поради поткуп доби притвор од 30 дена

Каков имот пријавил судијата Георгиев, кој заврши во притвор за поткуп

Судијата Георгиев го пријавил синот на Стојчев и е фатен на дело, за Мемети нема доволно докази: Детали од Обвинителството

Фото: Совет на јавни обвинители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какво лето не очекува: Прогноза на УХМР

Редакција

Убава вест: 142 оздравени лица од Ковид-19, во Скопје 68

Редакција

Голема хуманитарна акција на АПИС: Ќе донираат медицинска опрема во вкупна вредност од 200.000 евра

Редакција