еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за полицаец од станицата Бит Пазар кој допирал по тело жена

Министерството за внатрешни работи (МВР) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.С. – полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“.

„На 31.7.2024 година околу 22.30 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата од возилото и ја допирал по телото оштетената.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник К.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место се до завршување на дисциплинската постапка“, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марковска: Стојам на располагање за обуки на тимовите кои имаат одговорност за одржување на хигиената во компаниите

Редакција

Загадувањето во Скопје и други градови над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

Редакција

Претседателот на Албанија, Мета во тридневна посета на Македонија

Редакција