еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за поранешниот министер за култура Исмаили, го оштетил буџетот за половина милион евра

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили, поради сомнеж за несовесно работење во службата.

Од Финансиската полиција велат дека во својство на министер тој на 24. јули 2020 година несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата од 15. мај истата година недостигаат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање проекти.

Со тоа тој според Финансиската полиција, предизвикал штета на буџетот на Министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари или 517.196 евра.

Фото: Исмаили/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за камионот кој излета од автопатот Гостивар-Тетово

Редакција

Ковачевски поднесе оставка

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за претседателката на Комисијата за избори и именувања

Редакција