еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Упад во Парламентот, солзавец, запалени полициски возила: Протест во Белград поради враќање на полицискиот час

Поради најавата за враќање на полицискиот час заради зголемениот број на заразени со Ковид-19 во Србија, во Белград синоќа се одржаа протести на кои учествуваа илјадници граѓани.

Демонстрантите запалија полициски возила, дел од нив упадна и во Парламентот, фрлаа со јајца, камења, пластични шишиња и факели кон полицијата…, а таа употреби солзавец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени од протестот во Белград

Во интервенцијата полицијата користеше специјални сили за разбивање демонстрации, полицајци на коњи, оклопни возила и голем број лица во цивил.

Локалните медиуми јавуваат за повредени и на двете страни, но и за големото насилство на полицијата кон демонстрантите.

Денеска ситуацијата во Белград е мирна, но најавени се нови демонстрации.

Видео: NOVA S/Фото:Al Jazeera Balkans

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна состојба во 16 градови во Србија поради Ковид-19

Грција ја затвори границата за Србија, Црна Гора со карантин за Србите, Македонија анализира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Крушево е бајка за божиќните празници

Редакција

Владата ќе позајми 155 милиони евра од шест домашни банки за да враќа кредит од 2013 година

Редакција

Убава вест: Оздравени 416 заболени од Ковид-19, во Скопје 175

Редакција