еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР ги најде сторителите на убиството во Батинци

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н. (32) и М.Џ. (24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали” по член 396 од Кривичниот законик, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

По преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И. (34) и З.И. (31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје.

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, поднесе кривична пријава и против В.И. (26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

По преземени мерки било констатирано дека на 17.07.2024 на подрачјето на Чаир во Скопје, тој со пиштол пукал кон Д.Б. (31) и му нанел тешки телесни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Батинци било пукано во браќа, од кои едниот почина, мотивот непознат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 3.803 заболени од Ковид-19, 3.564 пријавени во периодот од јануари до март

Редакција

Димитров: Францускиот предлог ја билатерализира преговарачката рамка и не нè носи кон членство во ЕУ

Редакција

Бугарија не може да блокира колку што ние можеме да бидеме упорни во процесот на евроинтеграции, вели Османи

Редакција