еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Конечна детална листа: Која партија по колку советници доби во скопските општини

Државната изборна комисија ја објави конечната советничка листа низ десетте скопски општини, во кои, советници имаат освоено вкупно десет политички партии и две независни кандидатски листи.

СДСМ има советници во девет општини, ВМРО-ДПМНЕ и Левица во осум, ДУИ во пет, АА/А во четири, ЛДП/ДОМ, БЕСА и независни кандидатиски листи во две, додека ГРОМ, Сојуз на Ромите и РОМ во по една општина, покажуваат резултатите објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија за Локалните избори 2021.

Во Советот на Општина Аеродром советнички места имаат добиено три политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 14, СДСМ – 8 и Левица – 5 советници.

Во Советот на Општина Бутел советнички места имаат пет политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 10, СДСМ – 4, ДУИ – 3, АА/А – 1, Левица – 1 советничко место.

Во Советот на Општина Гази Баба советници имаат четири политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 16, СДСМ – 7, Левица – 3, и ДУИ -1 советник.

Во Советот на Општина Ѓорче Петров советници имаат три политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 12, СДСМ – 8 и Левица – 3 советнички места.

Во Советот на Општина Карпош советници имаат четири партии и една независна кандидатска листа, и тоа СДСМ – 8, ВМРО-ДПМНЕ – 7, Левица – 4, ГРОМ – 2 и Група избирачи – Невена Георгиевска – 2 советници.

Во Советот на Општина Кисела Вода советници имаат четири политички партии, и тоа ВМРО-ДПМНЕ – 12,  СДСМ – 7, Левица – 3 и ЛДП/ДОМ – 1 советничко место.

Во Советот на Општина Сарај советници имаат три политички партии, и тоа ДУИ – 14, АА/А – 4 и БЕСА – 1 советник.

Во Советот на Општина Центар советници имаат три политички парти и една независна кандидатска листа, и тоа СДСМ – 9, ВМРО-ДПМНЕ – 8, Левица – 3 и ГИ – „Шанса за Центар“ – 3 советнички места.

Во Советот на Општина Чаир советници имаат пет политички партии, и тоа ДУИ – 14, АА/А – 8, ВМРО-ДПМНЕ – 3, СДСМ – 1 и БЕСА – 1 советник.

Во Советот на Општина Шуто Оризари советници имаат седум политички партии, и тоа ЛДП/ДОМ – 4, ДУИ – 4, СДСМ – 4, АА/А – 2, Левица – 2, Сојуз на Ромите – 2 и  РОМ-РОМЕСКЕ – 1 советничко место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечна детална листа: Која партија по колку советници доби во Советот на Град Скопје

Конечна детална листа: Кои се избраните градоначалници во првиот круг на локалните избори

Конечна детална листа: Кои се градоначалниците за кои ќе се гласа во вториот круг на локалните избори

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка достигна 95

Редакција

Утре во Скопје почнува Пиволенд, кој се ќе настапи

Редакција

Нема потписи на ЛДП на списокот за ново парламентарно мнозинство, вели лидерот Милевски

Редакција