еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Утре во Скопје почнува Пиволенд, кој се ќе настапи

Од утре до 23. септември по 12. пат во Скопје ќе се одржи пивски фестивал – Пиволенд.

Оваа година локацијата на Пиволенд ќе биде на паркингот пред спортскиот центар Борис Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како ќе се купува пиво на Пиволенд

Организаторите информираат дека на Пиволенд ќе има разновидна палета на пива како од Македонија, така и од странство, а исто така пријавени се голем број на учесници кои произведуваат занаетчиско или крафт пиво.

Музичката програма оваа година како по традиција е исполнета со различни стилови и жанрови за сите вкусови, а најголем простор и поддршка е отстапен на македонски бендови и артисти.

На главната сцена ќе настапат Ареа, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Дани Димитровска, Брас Брадрс. ДНК, Некст Тајм, Куку Леле, Номад, бендот од Шпанија, Инфузиона2…

Ќе има и втора сцена каде простор и поддршка ќе се даде на млади бендови и артисти, но поткрепени со веќе еминентни имиња од алтернативната македонска музичка сцена: Но Нејм Нејшн, Флукс, Културно Уметнички Работници, Диџеј Кодра…

Во петок на оваа сцена ќе има и голема прослава на Македонскиот хип хоп во склоп на светската прослава на 50 години Хип хоп со настапи во живо на дел од најеминентните македонски рап имиња Чиста Околина, Подземан Ефект, Бед Контракт, Пука Козметика, Видо и многу други.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 4 лица, сите со коморбидитети

Редакција

(Видео) Претреси во Идризово, пронајдени поголема сума пари, мобилни телефони, таблет….

Редакција

„Струшкиот градоначалник отворил дивоградба. Требаше и од УНЕСКО преставник да викнат, грешка во протокол“: Твитер реакции

Редакција