еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

„Легендите живеат вечно“- концерт посветен на нашите музички великани на 4. октомври во „Македонска Филхармонија“

На 4. октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи второто издание на „Легендите живеат вечно“ – Концерт посветен на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе.

Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Ивона Јо, Тамара Волческа и други пејачи ќе ги пеат хитовите на нашите музички великани, во придружба на камерен оркестар чија интерпретација ќе допринесе за создавање на вистински магичен амбиент и тоа со сигурност ќе биде ноќ исполнета со силни емоции.

Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, којшто ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика Тоше Проески, ќе ги пееме песните на рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, нема да ги заборавиме и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски-Бојс, како и многу други.

Картите за овој настан имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По кратко боледување почина невропсихијатарот Методи Чепреганов

Редакција

(Фото) Крушево е бајка за божиќните празници

Редакција

Претседателот на ДИК, Дерковски оцени дека изборниот ден поминал одлично со мали исклучоци

Редакција