еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лидл Северна Македонија ја организира првата конференција за IFS сертификација за безбедност и квалитет на храна

На 05.03.2025 се одржа првата конференција за IFS (International Featured Standards) во организација на Лидл Северна Македонија во деловниот центар „Премиум“, во Скопје.

Настанот обедини повеќе од 140 учесници меѓу кои повеќе од 60 локални производители на прехранбени и непрехранбени производи, експерти од индустријата, претставници од Агенција за храна и ветеринарство, како и претставник од седиштето на IFS и специјализирани агенции за сертификација.

Со ова Лидл направи значаен чекор напред кон својата цел за унапредување на безбедноста на храната, обезбедување на висококвалитетни производи, развој на добавувачите и нивна полесна интеграција на меѓународните пазари.

На настанот беше потенцирана важноста на сертификатот IFS за обезбедување највисоки стандарди во производството и гарантирање на стандардизиран квалитет на производите.

„Во Лидл, квалитетот и безбедноста на нашите производи се во срцето на сѐ што работиме. Со организирање на оваа конференција, правиме чекор поблиску до нашата цел да ги поддржиме македонските производители на храна во обезбедувањето на IFS сертификатот којшто ќе им ги отвори вратите за нови деловни можности и ќе го зајакне нивното присуство на локалниот и меѓународниот пазар.

Особено сме горди што организиравме ваков информативен и едукативен настан кој дава важен придонес за постигнување на главната цел – да им обезбедиме на македонските потрошувачи производи со висок стандардизиран квалитет“, изјави Стефан Георгиев, директор за набавка во Лидл Северна Македонија.

Како што растат глобалните очекувања и критериуми на потрошувачите, безбедноста на храната е главен приоритет за бизнисите кои работат во секторот на производи за широка потрошувачка.

Конференцијата за IFS сертификација ги претстави најважните трендови во индустријата за широка потрошувачка, обезбеди важни упатства за процесот и барањата за IFS сертификација, најдобрите практики од искусни македонски добавувачи и институции за сертификација, увид во очекувањата на Лидл за мерките за контрола на квалитет и беше одлична можност за вмрежување со професионалци во прехранбената индустрија и претставници на Лидл.

„IFS сертификатот, покрај тоа што е услов за соработка со Лидл, е и можност локалните производители да ги подобрат процесите, да стекнат поголема доверба од потрошувачите и да бидат поконкурентни на глобалните пазари.

Лидл активно работи со локалните фармери, производители на храна и добавувачи, за да ги интегрира во својот синџир на снабдување. Веруваме дека со заедничка работа и подигање на стандардите за контрола на квалитет, можеме да го понудиме најдоброто од прехранбената индустрија, како на локалните потрошувачи, така и на потрошувачите на Лидл во 31 земја“, истакна Зоран Поповски, раководител на секторот за контрола на квалитет во Лидл Северна Македонија.

На конференцијата имаше и сертификациони институции кои споделија и информации за улогата на IFS стандардите во подобрувањето на безбедноста на храната и намалувањето на ризиците во производството.

„Постигнувањето на IFS сертификација не е само за исполнување на одреден стандард, туку тоа е и за подигнување на нивото за целата индустрија.

IFS сертификацијата е призната ширум светот како репер за безбедност и квалитет на храната помагајќи им на компаниите да обезбедат усогласување со глобалните прописи за храна, подобрување на транспарентноста и ефикасноста на синџирот за снабдување, олеснување на пристапат до големите трговци на мало и можностите за извоз, како и засилување на довербата кај потрошувачите преку ригорозна контрола на квалитетот на производите“, потенцира Агњешка Врик, менаџер за развој на IFS на пазарите од Централна и Источна Европа.

За IFS стандардот

Стандардот за храна IFS претставува највисок стандард во прехранбената индустрија со кој се прегледуваат производите и производствените процеси за да се оцени способноста на производителот на храна да произведува безбедни, автентични и висококвалитетни производи според законските барања и спецификациите на клиентите. Исто така, ги поддржува бизнисите во исполнувањето на зголемените барања за транспарентност и следливост на пазарот и придонесува за подобрување на интегритетот на производите и зголемување на ефикасноста.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викенд убаво време, од понеделник повторно нестабилно со услови за локално невреме

Редакција

Повик до туристичките работници од Охрид, Дојран, Преспа, да овозможат бесплатно летување за децата со посебни потреби, од социјално загрозени семејства и децата на самохрани родители

Редакција

Детален преглед: 25 независни кандидати за градоначалник, 12 не успеале да соберат потписи

Редакција