еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Македонец еден од победниците на 24. CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт

Благојче Павлески од Прилеп е единствениот Македонец кој учествуваше и е еден од победниците на 24. Меѓународен натпревар по програмирање CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт.

Павлески натпреварот во програмирање го заврши како треторангиран меѓу 12 финалисти, врвни таленти кои влегоа во годинешното натпреварувачко финале.

CodeIT е создаден од Мусала Софт во 2000 година и е едно од најстарите натпреварувања за програмирање во светот. Привлекува стотици учесници од целиот свет и досега учествувале над 2.300 натпреварувачи од повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Кина, Србија, Македонија, Швајцарија, Иран, Индија, Шведска, Јужна Африка, Белгија, Норвешка, Финска, Хрватска, Ерменија, Ирска, Египет, Кенија, Украина и други.

„Мусала Софт, еден од столбовите на Киншифт, постојано демонстрира извонредни деловни достигнувања и силна посветеност за унапредување на ИТ заедницата во сите земји каде што работи.

Наградите за CodeIT ги доделуваме со голема гордост и со цврста посветеност да ги одржиме и надградиме заложбите на Мусала Софт за препознавање и поддршка на ИТ талентите,“ истакна Марина Домазетовска, глобален раководител за комуникации во Qinshift.

Оваа година на CodeIT учествуваа програмери од 5 земји, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска. Масовното учество на програмерите од овие земји говори за одржливите традиции во информатиката и растечката популарност на програмирањето.

„Успешен живот значи да воспитате среќно дете и да правите добри дела кои се паметат. CodeIT е едно такво дело. Ви благодариме на сите вклучени во текот на речиси четвртвековната историја на заедницата CodeIT“, истакна Елена Маринова, ко-основач на Мусала Софт и член на Советодавниот одбор на Киншифт.

За натпреварот е одговорен тим од над 40 елитни натпреварувачи и олимпијци по информатика од Мусала Софт (CSLAB – Computer Science Lab), кој досега во текот на 23 години има креирано повеќе од 300 задачи. Во 2011 година, натпреварот усвои нов формат во кој секоја сезона е поделена на два вида натпреварувачки делови – СПРИНТ (5+3 задачи) и МАРАТОН (1 задача).

Фазите вклучуваат „брзи и бавни“ задачи, распоредени во шест круга задачи. Најдобрите 12 натпреварувачи влегуваат во големото финале. Од 2013/2014, CodeIT стана меѓународно натпреварување и воведува категорија за помлади, до 8-мо одделение, што е клучен чекор во раното вклучување во науката и технологијата. Најдобрите 5 џуниор натпреварувачи од секоја сезона се натпреваруваат во финалето, формирајќи посебен младински ранг.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум лица, од кои две деца завршија во болница поради труење со хлор во базен во хотел во Охрид

Редакција

Изгаснат пожарот меѓу Богданци и Дојран

Редакција

По анексијата на украински региони од страна на Русија, Украина бара „забрзано членство во НАТО“

Редакција