еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија и Грција заедно ќе работат на спроведувањето на Договорот од Преспа: Муцунски во Њујорк се сретна со колегата Герапетритис

Македонија и Грција заедно ќе работат на спроведувањето на Договорот од Преспа. Тоа се договориле македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, кои вчера на маргините на Генералното Собрание на Обединетите Нации се сретнаа во Њујорк.

– Сметам дека во духот на добрата верба и во духот на почитувањето на обврските кои произлегуваат од меѓународното јавно право заеднички ќе работиме сите да ги реализираме обврските кои што ги имаме, изјави Муцунски по средбата, кој потврди дека една од темите на разговор била и почитувањето на Договорот од Преспа, пренесе известувачот на државната агенција МИА од Њујорк.

Според Муцунски на средбата се разговарало „многу повеќе за она што може да не обедини отколку она што може да не раздели“.

– Зборувавме за коридорот 10, за енергетското поврзување, за стимулирањето на трговијата и деловната активност од двете страни за потребата од подобување на меѓусебните политички односи и за тоа како да го движиме процесот на европска интеграција напред, рече Муцунски.

Тој го поканил Герапетритис кога ќе може да дојде во посета на Македонија.

– Протоколарно сега е на редот на посета од страна на Грција да ја посети државата, додаде Муцунски.

Според грчките медиуми темите на разговор биле билатерална и прекугранична соработка, исполнување на меѓународните договори како што е Договорот од Преспа, и важноста на добрососедските односи за напредокот кон Европската Унија.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лични карти можат да се подигнат и на 15 јули

Редакција

Бугарскиот министер за внатрешни Демерџиев доаѓа во Скопје за роденденот на Делчев

Редакција

Починаа уште три лица од Ковид-19, вкупно 775

Редакција