еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп со намалена добивка

Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 14,3 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во истиот период 2023 година финансискиот резултат изнесува 32,8 милиони денари.

Во тековната 2024 во однос на истиот период 2023 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци. Вкупните приходи во 2024 година се зголемени за 6,5%, додека вкупните расходи бележат зголемување од 11,1%.

Зголемувањето на приходите се должи на приходи од заработената премија кои изнесуваат околу 76% од вкупните приходи. Бруто-полисираната премија во 2024 година бележи раст од 7,4 %, односно 48,2 милиони денари. Кај имотните класи на осигурување се оствари пораст во износ од 37 милиони денари со што се зацврсти овој вид на осигурување како доминантен во портфелот на нашето Друштво. Пораст се оствари и кај класата здравствено осигурување. Kај останатите класи портфелот е стабилен во текот на 2024 година.

Најголемо движење во вкупните трошоци бележат трошоците од настанати штети, како и трошоците за спроведување на осигурување. Настанатите нето штети бележат зголемување од 26.4% или во апсолутен износ 39.1 милиони денари како резултат на намалување на бруто исплатени штети – дел за реосигурување. Додека кај трошоците за спроведување на осигурување бележат зголемување од 13,1% или во апсолутен износ 30,1 милиони денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Винер – Виена Иншуренс Груп се присоедини кон Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со зголемена добивка во првиот квартал

Фото: Македонија осигурување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави приходи лани оствариле телевизиите 24 Вести, Наша и Сонце

Редакција

Украина го отфрли предлогот за „австриско-шведски модел на неутралност“, бидејќи е во директна војна со Русија

Редакција

Ќе има брза лента за издавање патни документи на професионалните возачи

Редакција