еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Костадиновски со сопругата имаат два стана, вози Хјундаи

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле уставните судии, кои деновиве се актуелни по најавата дека Уставниот суд ќе расправа по иницијативата за преиспитување на законитоста на членот 11 од Законот за помилување од 2016 година, а со кој се овозможи да се укине помилувањето што го даде тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Каков имот пријавил Дарко Костадиновски?

Според неговиот анкетен лист доставен до Антикорупциска комисија кога станал судија во Уставниот суд, на име на сопругата пријавил стан во Скопје од 98 метри квадратни, проценет на 4,5 милиони денари, и стан во Охрид од 43 метри квадратни во Охрид, проценет на 2,1 милиони денари.

Становите се стекнати со договор за купопродажба.

Вози Хјундаи Тусон.

На свое име пријавил и плац во Сопиште од 1.000 метри квадратни, проценет на 3,6 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

На име на сопругата и децата пријавил девизни депозити, девизни штедни книшки…

На свое име исто така пријавил девизни штедни книшки, но и кредит од 660 илјади денари, кој треба да го врати годинава.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Кадриу има куќа и стан, вози Пежо

Каков имот пријавиле уставните судии: Јосифовски со сопругата имаат два стана, а вози Мерцедес бенз

Каков имот пријавиле уставните судии: Ивановски има три стана и кредит од 1,1 милиони денари

Каков имот пријавиле уставните судии: Елена Гошева на свое име има само земјиште и депозит од 32.700 долари

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп конкуренција на Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир

Редакција

Германскиот Бундестаг усвои резолуција: Македонскиот јазик и култура ќе ја збогатат разноликоста на ЕУ

Редакција

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Редакција