Македонија осигурување АД Виена Иншуренс Груп Скопје лани остварила негативен финансиски резултат во износ од 6.9 милиони денари пред оданочување, информираа од таму преку Македонската берза.
Во истиот период претходната година компанијата остварила добивка од 47,4 милиони денари пред оданочување.
-Во тековната 2024 во однос на истиот период 2023 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните расходи.
Вкупните приходи во 2024 година се зголемени за 5,3%, додека вкупните расходи бележат зголемување од 8,5%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со загуба во третиот квартал
Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со зголемена добивка во првиот квартал
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.