еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа

И оваа година Македонски Телеком ја доби престижната Ookla® награда за најдобра мрежа, информираат од таму. Резултатите покажуваат најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа и најдобар квалитет на мобилната мрежа во првата половина на 2024 година.

Ookla® е светски лидер во анализа и тестирање на квалитетот и брзината на мрежата, а наградите Speedtest AwardsTM се резултат на длабинско шестмесечно истражување и анализа на тестови иницирани од корисниците, коишто се потврдуваат со апликациите на Speedtest®.

За брзината на мрежата, направени се 160.564 тестови за мобилната и 948.686 за фиксната мрежа. Податоците покажуваат дека и мобилната и фиксната мрежа на Македонски Телеком се најбрзи на пазарот во споредба со конкуренцијата со резултат Speed ScoreTM од 148.78 за мобилната мрежа и Speed ScoreTM од 52.77  за фиксната мрежа.

„Горди сме што повторно ја добивме оваа награда. Оваа година мерењата на Ookla® потврдија најголеми брзини на нашата фиксна и мобилна мрежа. Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошкото визионерство се препознаени. Развојот и инвестициите во мрежата и во новите технологии се наша примарна стратегија, а нашиот мотив е да им обезбедиме на корисниците врвни услуги и постојана поврзаност секогаш и секаде.

Ова е и признание за нашиот тим којшто неуморно работи на развојот на мрежата. Ќе продолжиме со силен фокус на квалитетот и стабилноста на нашата инфраструктура, којашто е основа на дигиталната трансформација и предуслов за услуги според потребите на корисниците“, истакна Маја Милосавлевска Наумовска, главен директор за техника и ИТ.

Ова е второ признание за перформансите на мрежата на Македонски Телеком оваа година. Според мерењата на квалитетот на мобилните мрежи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), мрежата на Македонски Телеком е на прво место со 637,7 поени, што е највисок резултат во Македонија.

-Супериорноста на мрежата на Македонски Телеком е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање, пионерски подвизи за ширење и модернизација на мобилната и фиксната мрежа. Нашата 5G мрежа продолжува да се шири и е достапна за 92% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура, којашто интензивно се шири.

Телеком има речиси 3 пати повеќе домаќинства покриени со оптичка инфраструктура во споредба со  сите  останати оператори на пазарот заедно, односно 330 илјади пристапи до оптика, што е за 13,9% повеќе споредено со истиот период од претходната година, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.348 случаи на Ковид-19 од 3.996 тестови, 196 се реинфекции

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 во Тетово и тетовско

Редакција

Престојот на Јотова беше најавен по дипломатски пат, не беа побарани средби, велат од МНР

Редакција