еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком продолжува со силни инвестиции и раст и во првото тримесечје на 2025 година

Македонски Телеком го заврши првото тримесечје на годината со финансиски раст и силни инвестиции со кои се гради клучна инфраструктура и се забрзува дигитализацијата на земјата, информираат од таму.

-Фокусот на најмодерни технологии и најдобро корисничко искуство донесе зголемување на корисничката база и стабилни финансиски резултати, посочуваат од таму.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од првите три месеци од 2025 година, изнесуваат 423 милиони денари наспроти 341 милион денари на крајот од истиот период од минатата година.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 1,1 проценти споредено со минатата година, додека EBITDA маргината забележа раст од 2,1%; нето добивката бележи благ пад од 1,5 проценти.

Експанзија на најголемата гигабитна мрежа

-Постојаните вложувања во мрежната инфраструктура и најновите технологии го зајакнуваат статусот на најдобра мрежа. Остануваме лидери во покриеност со оптика и денес имаме 351 илјади пристапи до оптика, што е за 8,5 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Нашата 5G мрежа е достапна за 95 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови. Продолжуваме да ја шириме и развиваме инфраструктурата за да овозможиме беспрекорна поврзаност и пристап до дигиталното поврзано општество за сите, велат од таму.

Супериорно корисничко искуство

-Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство, но и многу повеќе од комуникациски услуги, донесе зголемување на бројот на корисници во сите сегменти.

Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 300 000 корисници, велат од таму.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,5 проценти и изнесува 219 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,6 проценти.

Во мобилните комуникации, базата на корисници е стабилна со 1,26 милиони корисници.

-Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 234 илјади корисници. Според индексот TRI*M за мерење на задоволството на корисниците, рангирани сме како водечки телекомуникациски бренд во Македонија, посочуваат од таму.

Лидерство на ТВ пазарот

-На ТВ пазарот остануваме на лидерската позиција со удел од 36,5 проценти. Новата генерација на дигитална телевизија – MagentaTV е одлично прифатена, што донесе раст од 6,9 проценти или 161,5 илјади корисници.

Иновативната ТВ платформа нуди ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците, што донесе зголемување на приходите од дигитална телевизија од 3,3% во споредба со истиот период од претходната година.

И во 2025 година продолжуваме со стратегијата за силни инвестиции за да го обезбедиме најдоброто за нашите корисници, посветени да изградиме поврзано дигитално општество за сите, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бајрактаров: Ова “НЕ” е многу поевропско од многу други т.н. европски одлуки

Редакција

Убава вест: За 24 часа собрани средствата за лекување на малата Аника

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 во Тетово и тетовско

Редакција