еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком прославува 5 години од апликацијата TelekomMK со недела полна подароци

Апликацијата TelekomMK слави пет години успешна работа и повеќе од 340.000 задоволни корисници. Создадена за дигитално корисничко искуство и дополнителна вредност, апликацијата во текот на годините се дополнуваше и се збогатуваше со нови функционалности, од кои особено значајна е програмата Magenta Moments, којашто за само една година стекна над 213. 000 корисници, информираат од компанијата.

„Искуството на корисниците за нас е најважно. А дигиталното корисничко искуство станува главен приоритет за телекомуникациските компании секаде низ светот. Токму тоа го овозможува апликацијата TelekomMK: брз и едноставен дигитален пристап до сите услуги, информации и понуди, но отвора и нов свет на поволности.

Ќе продолжиме да ја надградуваме TelekomMK за да станува уште подобра, а неделава славиме заедно со нашите корисници со многу награди и подароци“, изјави Емилија Андоновска, главен комерцијален директор за приватни корисници во Македонски Телеком.

Недела на награди за корисниците

Во текот на оваа роденденска недела, од 16 до 20. септември, сите корисници добиваат интернет без дополнителен надомест што се активира преку Magenta Moments за само 5 срца.

Меѓу вредните награди што ќе се доделуваат неделава се и T Phone, Samsung TV, Vienna Bike, T Phone Pro, Xiaomi електричен тротинет и T Tablet.

Покрај наградите, има и дополнителни попусти на смартфони, како што се: Xiaomi 12, OnePlus 9, T Phone 5G, Honor 90 Lite 5G. Попустите достигнуваат и до 10.000 денари.

Како дополнителен стимул, на петте најактивни корисници на апликацијата ќе им бидат доделени телефони T Phone Pro.

Роденденските активности  и наградите ќе можат да се видат на Telekom MK app.

Повеќе информации на: www.telekom.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Епископ Антаниски Партениј сослужуваше со Вселенскиот Патријарх во чест на празникот Успение на Богородица

Редакција

Границата со Грција останува затворена најмалку до 19 април

Редакција

Словачка и Унгарија најверојатно ќе бидат изземени од санкциите за руската нафта

Редакција