Денеска во семејниот дом во тетовско Слатино се пронајдени мртви мајка и ќерка. Телата ги пронашла мајката на починатата.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) станува збор за 36-годишната К.Ш и нејзината малолетна ќерка.
-Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на интервенција во село Слатино од М.З. од Слатино, Тетово, која без знаци на живот ги пронашла нејзината ќерка К.Ш (36) и нејзината внука во нивниот семеен дом, каде што била констатирана смрт, информираа од МВР.
Сопругот на жената, Р.Ш. (50), заедно со неговиот малолетен син, се пренесени за укажување лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа тој ќе биде приведен во полициска станица за понатамошно постапување, велат од МВР.
Телата на починатите се предадени на обдукција.