Лидерот на опозициската ДПА, Мендух Тачи за телевизијата Клан Македонија потврди дека неговата партија нема повеќе да биде дел од т.н. Европски фронт, предводен од опозициската ДУИ, за што се шпекулираше деновиве.
-Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата за стоте дена за владеењето на Владата организирана од „Европски фронт“ е поради тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од Фронтот“, рече тој.
На последните парламентарни избори Тачи беше кандидат на Фронтот за пратеник, а со неговото заминување, коалицијата ќе остане со 17 пратеници во македонското Собрание.
Фото: Тачи/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.