еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Минималната плата од март ќе изнесува 22.500 денари

Mинималната плата од март следната година ќе изнесува 22.500 денари, најави министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот Фејсбук профил.

Просечната плата пак ќе изнесува 39.500 денари.

Минималната плата моментално изнесува 20.175 денари.

Лани во март беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50% од порастот на трошоците на живот и 50% од порастот на просечната плата во изминатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

Починаа четири лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.462

Редакција

Препораки пред патувања: Како да се заштитите од измамите на туристичките агенции

Редакција