еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Младиот Дамјан Марковски од Скопје пешки стигна во Црна Гора, за да се заблагодари на Св. Василие Острошки

Младиот македонски спортист Дамјан Марковски на 28. мај тргна пешки од Скопје до манастирот Острог во Црна Гора за да му одаде благодарност на Св. Василие Острошки за оздравувањето на член од неговото семејство.

Станува збор за релација долга 400 километри.

-Како млад човек кој го поминал поголемиот дел од своето детство и младост играјќи фудбал, решив да преземам еден исклучителен предизвик – пешачење од Скопје до манастирот Острог во Црна Гора, пат долг 400 километри.

Ова патување за мене не е само физички предизвик, туку и духовна мисија. Со ова пешачење сакам да изразам благодарност кон Св. Василие Острошки за оздравувањето на член од моето семејство.

Покрај ова, сакам да направам нешто добро за нашата заедница и младите спортисти. Одлучив да ја искористам оваа иницијатива за да соберам средства и да го свртам вниманието кон потребата за подобрување на медицинската грижа за спортистите во нашата земја.

Целта на мојата иницијатива е да помогнам во собирањето средства за купување Polar мерачи на срцевиот ритам, проект кој е планиран за реализација од страна на Фондацијата Марко Божиновски.

Како спортист комплетно ја разбирам потребата од овие мерачи на срцевиот ритам и ја давам мојата безрезервна поддршка на Фондацијата во остварувањето на нивната цел, но за да стигнеме до истата потребни се многу финансиски средства.

Овие уреди можат да откријат неправилности во срцевиот ритам и да обезбедат рани предупредувања за потенцијални срцеви проблеми. Со редовно следење на срцевото здравје на младите спортисти, веруваме дека можеме да спречиме трагедии како онаа која ги однесе животите на Марко и Андреј.

Фондацијата Марко Божиновски беше формирана во чест на Марко Божиновски, талентиран спортист кој трагично го загуби својот живот, неговото срце престана да чука во сон, а дијагнозата беше миокардит. Неговата смрт беше шок за сите нас и ни покажа колку е итно да се подигне свеста за редовни и детални здравствени и систематски прегледи. Целта ние подобра здравствена заштита за спортистите во Македонија.

Ве поканувам сите да ја поддржите оваа моја иницијатива. Вашите донации ќе помогнат младите спортисти да ја добијат потребната опрема и медицинска грижа за да можат безбедно и здраво да тренираат.

Ги повикувам сите љубители на спортот да донираат онлајн преку веб-страната на Фондацијата или на телефонските броеви кои се отворени специјално за оваа намена. Споделете ја нашата иницијатива на социјалните мрежи користејќи ги хаштаговите #WalkForMarko и #HealthyAthletes, напиша тој на Фејсбук кога тргна од Скопје.

Вчера Марковски пристигна во Црна Гора и во Подгорица имаше средба со Зеќир Рамчиловиќ, македонскиот амбасадор таму.

Фото: Марковски/Рамчиловиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид го реализираше проектот за гасификација на локалитетот во Ѓорче Петров

Редакција

Истрагата за „Јавна соба“ во завршна фаза, за „Јавна соба 2“ се чекаат информации од „Телеграм“

Редакција

Нема промена во мерките за влез во Грција

Редакција