еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Момчето кое наводно било киднапирано и принудено да се самозапали, само предизвикало пожар од чии последици и починало

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 04.07.2024 година околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона Ќојлија, во близина на Меѓународен аеродром Скопје, избувнал пожар на плац од агенција за рент-а-кар, во кој со изгореници по телото се здобил Б.А. (24) од Скопје, по што на 07.07.2024 година, како последица на изгорениците Б.А. починал.

„Според пријавата од Б.А.,тој наводно бил насилно пренесен од две лица со возило од населбата Ченто до Ќојлија,а таму наводно го натерале да се самозапали. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности за расчистување на случајот.

Извршен е увид на местото на настанот, при што се подигнати материјални траги, за кои се изготвени соодветни вештачења, а обезбедени се и видео записи од безбедносни камери, повикани се на разговор повеќе лица, едно лице е лишено од слобода, како и други оперативно тактички мерки, при што е утврдено дека Б.А. доброволно отишол на местото на настанот, со запалива течност го полеал контејнерот на агенцијата и го запалил, при што од настанатата експлозија, кај Б.А. настанале повреди по телото-изгореници, од кои на 07.07.2024 година Б.А. починал.

Со ова е констатирано дека првичната изјава која Б.А. ја дал на полициските службеници, дека наводно истиот бил киднапиран од две лица и насилно пренесен со возило до местото на настанот и притоа истите наводно го натерале да се полие со запалива течност и да се самозапали, не е точна.

Од страна на СВР Скопје случајот е расчистен и поднесено е известување до ОЈО Скопје,“ се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 24-годишно момче кое било киднапирано и присилено да се самозапали

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Анета Симеска Димоска, која Владата ја разреши од директорската функција во Државниот пазарен инспекторат

Редакција

Тони Стојановски е именуван за прв човек на НЛБ Банка Скопје, на местото на Грегановиќ

Редакција

Што ќе работи ОТА?

Редакција