еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Науката не треба да се политизира и етнизира, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Академијата на Албанците

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на иницијативата на „Вреди“ за формирање на Академија на Албанците за наука и уметност во Македонија.

„Како критериум за членството во Академија на науките не може да биде етничка или политичка припадност, туку научните достигнувања и придонесот во општеството. Науката не е нешто кое треба и може да се политизира и етнизира.

Науката е столб на напредокот и просперитетот на секое општество и затоа е исклучително важно да се зачува нејзината автономија и непристрасност,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека, политизирањето на науката може да доведе до субјективност и пристрасност во истражувањата, што ќе го загрози нејзиниот кредибилитет и квалитет.

„Еден од главните аспекти на науката е нејзината способност да ги премостува разликите и да се фокусира на факти и докази, без оглед на етничката припадност на научниците.

Не’ радува фактот што албанските партии во власта бараат свое место за Албанците во науката, тоа го поздравуваме и покажува разлика од тоа што го правеше ДУИ кои бараа места само во тендерски зделки и при тоа станаа зелена партија.

Науката бара посветеност, напорна работа и високи академски стандарди, кои се основа за постигнување на извонредност и иновации. Само преку строгите критериуми и мерила можеме да осигуриме дека најдобрите и најквалификуваните ќе ги водат нашите научни институции и ќе придонесуваат за нашето општество.

Затоа, мораме да ги задржиме високите стандарди и да се осигуриме дека нашата Академија на науки останува репрезентативна и престижна, базирана на заслуги и академски достигнувања,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека ќе ги адресираат сите проблеми и предизвици во интерес на заедничката држава и заедничкиот патриотизам, но никако на штета на заедничките институции туку во нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во една држава не може да има две национални академии, вели академик Камбовски

МАНУ треба да ги отвори вратите за Албанците, вели Меџити

Владејачката „Вреди“ започна процес на формирање на Академија на Албанците за наука и уметност во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 305 случаи на Ковид-19 од 2.533 тестирања

Редакција

Инвестиција од 15 милиони евра и до 1.500 нови вработувања: Почна со работа новиот производствен погон на Леар и Нормак во ТИРЗ Тетово

Редакција

Убава вест: Оздравени 259 пациенти болни од Ковид-19

Редакција