Трендот за second hand модата е во нагорна линија, од страна на изложувачите, но и од страна на посетителите. Пред сè самата понуда станува побогата, интересот за учество на вакви настани расте, па на овој базар ќе има 35 штандови. Нив ги охрабрува и големиот број на посетители, кои ги поддржуваат овие мали и локални бизниси, а воедно прават добро и за својот буџет и животната средина.
На 8. јуни од 11 до 15 часот во Јавна соба ќе се оддржи третиот по ред базар, досега најголем, на кој ќе бидат изложени облека, книги, играчки и други прозиводи „од втора рака“, како и рачно изработени накит и аксесоари.
„Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарење во Јавна Соба оваа сабота, во забавна, опуштена и пријателска атмосфера. Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните молови!“, велат организаторите.
Влезот за посетителите е слободен!
Промотивна објава