еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ученици од основни училишта во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе научат како да рециклираат пластичен отпад и да произведат 3Д печатени производи

Ино Фаб Лаб, првото студио за прототипирање лоцирано на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје започна со реализацијата на проектот “Дигитален пластичен отпад“ преку кој ученици и наставници од четири основни училишта во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе стекнат практични знаења и вештини за современите 3Д технологии, како што се 3Д печатење, 3Д скенирање и креирање g-кодови.

За време на проектот учениците ќе собираат пластични шишиња и ќе научат како со помош на технологијата за шредирање и екструзија може да се произведе филамент за 3Д печатење.

-Со првите две предавања во основните училишта „Димитар Влахов“ во Штип и “Гоце Делчев“ во Тетово го започнуваме проектот “Дигитален пластичен отпад“, кој веруваме дека ќе им даде практични вештини и знаења.

Отворено е пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за жени претприемачки (AWE) во Република Северна Македонија. Наменета за студентки од завршните години на факултетите од ИТ и СТЕМ областите, како и за жени-сопственички или менаџерки во областа на агробизнис и производство на храна, Академијата нуди платформа за поттикнување на претприемништвото и иновациите кај жените, овозможувајќи им да навлезат и напредуваат во бизнис води во кои традиционално доминираат мажите.

Токму затоа годинава Академијата се фокусира на девојките и жените од гореспоменатите области. Примарната цел на aкадемијата е да се  обезбеди знаење, вмрежување, пoтребно за да основа сопствен бизнис и да се развие постечкиот, велат од таму.

Станува збор за онлајн-програма за обука, во чиј центар е платформата DreamBuilder, која е развиена во партнерство помеѓу Thunderbird – школата за глобален менаџмент на Државниот универзитет во Аризона и американската фондација Freeport-McMoRan.

Програмата опфаќа основи на пишување бизнис план, продажба и маркетинг, обезбедување на финансирање, управување со ресурси и друго при што секоја учесничка креира и персонализиран бизнис план, употребувајќи корисни алатки и шаблони, кои им се на располагање и по завршување на Академијата.

По завршување на програмата секој учесник ќе има свој бизнис план, спремен за имплементација.

Академијата за жени претприемачки (AWE) е формирана во 2019 година од страна на Бирото за образовни и културни работи на Американската Влaда и се спроведува во преку 80 држави низ светот, помагајќи на повеќе од 15.000 жени претприемачки да основаат сопствен бизнис или да го прошират и зголемат својот веќе постоечки бизнис. (eca.state.gov)

Академијата e поддржана од Амбасадата на САД во Македонија, a имплементирана од страна на Mакедонско-Американска Aлумни Aсоцијација.

Повеќе детали на maaa.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пивара Скопје доби награда за волонтеризам

Редакција

Приемот на епископот Партениј кај патријархот Вартоломеј голем чекор на Вселенската партријаршија за решавање на црковното прашање, оценува грчкиот православен сајт Ромфеа

Редакција

Вечерва промоција на збирка поезија од познатиот српски режисер Срѓан Драгојевиќ

Редакција