еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Вечерва промоција на збирка поезија од познатиот српски режисер Срѓан Драгојевиќ

Вечерва, со почеток во 19:30 часот, во Бистро комедија, ќе се случи промоција на „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво (или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле премногу мрзливи за да читате)“ во издание на ТРИ.

Промотор на настанот ќе биде нашата авторка Румена Бужаровска, која низ разговор со авторот ќе нè доближи до неговото писмо, поезија пишувана пред 40 години, а актуелна и денес.

Самиот наслов зборува од името на бунтовноста. Пораката е јасна: не бидете мрзливи и дојдете на оваа несекојдневна промоција. Одгатнете ја оваа уште понесекојдневна книга. Може да биде најинтересното доживување што ќе ве доведе до запрашаност: што е следно.

Срѓан Драгојевиќ добро го познаваме по неговите филмови – „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“.

Од ТРИ ги покануваат сите истомисленици и противници на еден необичен и бескомпромисен настан, како што звучи и насловот на книгата!

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна 12. издание на лидер-проект: Врвна програма за бизнис и претприемништво

Редакција

Звучните уметници Тони Димитров и Мартин Георгиевски со учество на првото Биенале на Западен Балкан во Грција

Редакција

(Фото) Во Штип отворена Спомен соба на поранешниот претседател Глигоров

Редакција