Државниот завод за статистика соопшти дека бројот на одобренијата за градење во март е за 22,7 проценти помал во однос на истиот месец лани.
Предвидената вредност на објектите изнесува 5.855.367.000 денари, или за 4,8 проценти повеќе споредено со истиот месец од претходната година.
Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 101, по што следуваат Полошкиот, 65, Југоисточниот, 41, Источниот 34, Југозападниот 25, Вардарскиот, 22, Пелагониски, 21.
Со најмалку одобренија, 12, е Североисточниот регион.
Од вкупниот број одобренија, 193 (60,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 56 (17,5 проценти) од нискоградба и 72 (22,4 проценти) за објекти за реконструкција.
На 200 објекти (62,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 121 (37,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.013 станови, со вкупна корисна површина од 72.506 метри квадратни.
Од 607-те станови предвидени во Скопскиот регион, 487 се во Општина Ѓорче Петров, 44 во Општина Петровец, 43 во Општина Гази Баба, 19 во Општина Аеродром, а по четири стана во Центар и во Сопиште.