еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Најскапо платена е Северина, најмногу пари заработила Јелена Розга: За пејачи и забавувачи општините трошат над 1 милион евра годишно

Само од јануари до октомври годинава, општините потрошиле на пејачи и на други забавувачи 961 илјада евра, покажуваат анализата и базата на отворени податоци за трошоците на општините за забавни манифестации на Центарот за граѓански комуникации.

До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра.

Лани, за оваа намена биле потрошени 1 милион и 11 илјади евра.

Најскапо платена, годинава, е хрватската пејачка Северина Вучкович, за која Општина Крива Паланка платила 25 илјади евра.

Сепак, годинава најмногу вкупно пари добила Јелена Розга – 42 илјади евра, за два настапи, во општините Берово и во Штип.

Лани, најскапо бил платен Саша Ковачевиќ, кој од Општина Штип добил скоро 26 илјади евра.

Најмногу пари на забавни манифестации трошат општините Кавадарци, Струмица, Штип, Кисела Вода и Велес.

-Овие услуги општините ги набавуваат преку помалку транспарентни постапки или наоѓаат начини да не го применат Законот за јавни набавки.

Вакви трошоци имале 50 општини. Од другите, 29 немаат, а две не доставија податоци.

Забавните манифестации што општините ги организираат по разни поводи, како одбележување на некои празници (Нова Година) или нешто што е специфично за таа општина (храна, пијалак, традиција и сл.) ги чинат граѓаните повеќе од 1 милион евра, секоја година.

Притоа, ова се пари што општините ги плаќаат од своите буџети и во сумата не влегуваат парите што за оваа намена се платени преку донации, најчесто од фирми и поединци.

Истражувањето е направено според податоците добиени од општините врз основа на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, велат од Центарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Објавена снимка како започнал пожарот во скопски Чаир

Редакција

Без резултат, но во позитивна атмосфера поминала новата средба на македонско-бугарската Комисија за историски прашања, вели Ѓоргиев

Редакција

„Изградба комерц“ го доби тендерот на Општина Аеродром за хортикултурно уредување на паркот Бојмија вреден 485.000 евра

Редакција