еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

На 26. јуни изложба на фотографии „The Vlatko Stefanovski Experience“ во Мала станица

Во рамки на јубилејното 10. издание на Фестивалот Скопје Синема Сити, кој успешно веќе една деценија го негува музичкиот документарен филм, и посветено работи на одржување на урбаната сцена во градот, ќе има голема групна изложба на фотографии од концертите на гитарскиот маестро Влатко Стефановски, која ќе биде отворена на 26. јуни во Мала станица,

Фестивалот Скопје Синема Сити е во организација на здружението Номад-Арт од Скопје.

Изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ ќе вклучи фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски – Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде.

Првата деценија на Фестивалот со групната изложба на фотографии посветени на нашиот гитарски виртуоз, се поистоветува и со 50. годишнината од почетокот на неговата кариера.

Изложбата сведочи за многуте концерти на Стефановски низ годините, за соработки и достигнувања, видени низ призмата на реномирани фотографи и колекционери.

Идејното решение на плакатот е на Дијана Димитриевска.

Филмските проекции на Фестивалот ќе се одвиваат во Кинотека на Македонија од 1 до 4. јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

Редакција

Двајца мажи на возраст од 54 и 53 години се загинатите во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево

Редакција

Од полноќ предизборен молк: Да не беа гафовите и гестикулациите ќе умревме од досада

Редакција