еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставен ја отфрли иницијативата за бугарскиот клуб “Иван Михајлов”, оти тој веќе не постои

Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов – Битола“.

-По утврдената фактичка состојба произлезе дека Здружението „Културен Центар Иван Михајлов Битола” е избришано од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект.

Согласно овие информации Уставниот суд воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа исполнети се условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата, информираше портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Подносителот на иницијативата, политичката партија Левица бараше поништување на актите со наводи дека оспорените Статут и програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот, затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.

– Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на национална омраза и нетрпеливост, појасни Беловска пред новинарите.

Предметот по оваа иницијатива е оформен кон крајот на минатата година.

Беловска соопшти дека оформен е предмет во кој се оспорува Програмата за работа и Статутот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари, „Цар Борис III” – Охрид.

– Подносител на иницијативата е адвокатот Тони Менкиновски. Во иницијативата се наведува дека оспорените акти се противуставни, бидејќи се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, негирање на неговата самобитност и разгорување на национална омраза или нетрпеливост.

Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти, додаде Беловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од бугарското здружение “Иван Михајлов“ ќе се жалат во Стразбур откако добија негативно мислење за името

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Личност на годината на „еМагазин“ е Ирена Ристиќ

Редакција

Детален преглед: Сите медали кои досега ги има освоено Македонија на Олимписките игри

Редакција

По инцидентот, Јанакиески и Ристовски префрлени во Хашкиот дел на затворот

Редакција