еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Со нова крводарителска акција „Алкалоид“ го одбележа 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството

„Алкалоид“ АД Скопје, како општествено одговорна компанија, постојано тежнее кон поздрав свет и кон супериорен квалитет на производите и на услугите, a чиј императив се грижата за здравјето и заштитата на секој човек, високо позиционирани во корпоративната деловна стратегија, велат од таму.

И оваа година хуманиот однос спрема секој човек и спрема заедницата го покажа со нова крводарителска акција на вработените во компанијата, реализирана по повод одбележувањето на 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството.

Во крводарителската акција „Дарувај крв – спаси живот“, која се одржа во Центарот за едукација и за обуки на „Алкалоид“, во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина, 150 вработени го искажаа својот хуман гест на доброволно дарување крв.

Меѓу крводарителите во голем број беа вработените кои имаат повеќебројни дарувања и кои ја продолжуваат долгата традиција на дарување крв во компанијата, но во голем број беа и алкалоидовците од помладата генерација кои за првпат даруваа крв, што е уште еден доказ дека нашиот највреден ресурс, нашите вработени, секогаш и во сѐ помасовен број се подготвени да ги покажат своите хуманост и солидарност на дело.

Со организирањето крводарителски акции компанијата уште еднаш ги истакна својата заложба за хумано однесување и посветеноста за унапредување на корпоративната култура и на општествената одговорност, а во сето тоа поддржана од ентузијазмот за хуманост на своите вработени.

Токму тие се и најголемите амбасадори на сето она за што се залага „Алкалоид“ и се вистински пример за посветени вработени и за општествено одговорни луѓе, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Возбудливи приказни зад музиката“: Џијан Емин во друштво со лауреатите Кејв и Сакамото на 9. издание на Скопје Синема Сити

Редакција

Македокс продолжи онлајн со мото „Македокс насекаде“

Редакција

Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам – проект на Рудник САСА, Општина Македонска Каменица и МВР за поголема безбедност во сообраќајот

Редакција