еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од бугарското здружение “Иван Михајлов“ ќе се жалат во Стразбур откако добија негативно мислење за името

Откако владината Комисија одлучи дека името Иван Михајлов неможе да се користи, а министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на истото, на Фејсбук се огласија од истоименото бугарско здружение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот за правда Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на името Иван Михајлов

Бугарскиот клуб не може да се вика “Иван Михајлов“, одлучи владината Комисија, на потег е министерот за правда

„Ако размислиме до пред неколку години, кај нас само зборот Бугарин беше табу, а сега веќе се бориме за човекови права. Ние македонските Бугари сме тука сакале или не и знаеме по кој пат треба да оди Македонија, како што знаеле нашите предци, ние сме борци за правда како нив, а не жртви и секој изминат ден ќе стануваме се повеќе и повеќе“, напиша на Фејсбук претседателот на здружението, Љубчо Георгиевски, кој најави дека правдата ќе ја бараат до Стразбур.

„Не се откажуваме и ќе стигнеме до Стразбур, ќе се бориме за нашите права и за отстранување на фалсификуваната историја и за отворање на досиејата на УДБА и никој не може да не спречи!

Со оваа одлука го бришат животот и борбата на илјадници Македонци кои загинаа во името на идејата која ги дала темелите на оваа држава – ВМРО и нејзините водачи Даме Груев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михаилов, луѓе кои јасно ги идентификуваа самите како македонски Бугари.

Зора на вечната борба! Да живее Иван Михаилов! Да живее ВМРО!“, напиша Георгиевски.

Фото: Фејсбук/“Ванчо Михајлов“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како може да го добиете: Изготвен е сертификат за прележан Ковид-19

Редакција

Со иновативната технологија на Македонски Телеком, Скопје станува Паметен град

Редакција

Намалување за 9,9%: За една недела 6.745 нови случаи на Ковид-19

Редакција