еМагазин
Image default
Македонија

„Огнената група“ со онлајн петиција ќе бара разрешување на министрите од ДУИ

Со петиција на интернет „огнената група“ на ДУИ вели дека ќе почне обид за разрешување на Артан Груби и на владини министри. Ова вчера го најави претставникот на групата Изет Меџити по собирот со граѓани за кој рече дека покажува огромна бројка на незадоволни во ДУИ.

-Денеска е петиција. Утре и задутре сигурно ќе има и други механизми, демократски. Ние сме искусни во политиката, секој ден сме со граѓаните и ќе најдеме начин да победиме и овојпат.

Прво рекоа дека само двајца-тројца се незадоволни, после излезе само во Чаир и Сарај. Сега гледаме дека и во Тетово и сегде луѓето, гласачите, структурата се незадоволни од владеењето на Груби и другите, истакна Меџити во изјава за ТВ Телма.

Според него, членовите на ДУИ кои не се согласуваат со работата на министрите во Владата имаат разни притисоци. Тврди дека веќе неколкумина имаат добиени откази, а дел се под притисок со разни контроли и инспекциски надзори.

-Контрадикторен е бидејќи во театарот во Скопје даде рака за помирување, а истата вечер разреши 5-6 функционери коишто различно размислуваат и не враќа во комунизам во политичкото диференцирање, кое што уште постарите генерации го паметат тоа, значи сите кои што не размислуваат како Груби ќе сносат последици и ќе бидат разрешени, рече Меџити.

Според “огнената група“ нивните средби со граѓаните се повеќе посетени и затоа сметаат дека, како што велат, во паника раководството ја смислило кампњата „Тој доаѓа“ за да се дефокусира јавноста.

МИА/Фото: Фејсбук/Меџити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравеле 128 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 97

Редакција

(Фото) Граѓани ќе блокираат патишта за да Бугарите не стигнат до гробот на Гоце Делчев на 4. февруари

Редакција

Државниот карантин се заменува со домашна самоизолација со направен ПЦР тест за Ковид-19

Редакција