Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 23 до 29. ноември покажуваат дека за една недела во Македонија има 6.745 нови случаи на Ковид-19.
„Тестирани се вкупно 18.767 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 4,6% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 6.745 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 9,9% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.863; 42,4%), со неделна инциденца – 326/100.000“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
99 деца до 9 години меѓу новозаболените со Ковид-19
7 лица биле на возраст од 30-49 години: За една недела 206 смртни случаи од Ковид-19
Фото: МЗ