еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во Штип не е проблем лебот да се продава по цена од 30 до 33 денари

Во пекарите во Штип и денеска има леб кој се продава по цена од 30 до 33 денари во зависност од грамажата и типот на леб.

Николче Малинов, кој е сопственик на пекара, во изјава за МИА вели дека пекарите кои вчера ја намалија цената на лебот и до пет денари работат на работ на рентабилноста, но дека се одлучиле на овој потег, бидејќи мерката е донесена од Владата и сметаат дека во услови на криза треба да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Засега, вели, немаат проблеми со исплатата на платите на вработените и со процесот на производство.

– Ние сме да речам на границата на исплатливоста. Пресметките ќе ги дознаеме по еден месец, кога ќе ни дојдат сметките за струја и другите сметки, вели Малинов.

Посочува дека репроматеријали за производство на леб имаат за два до три месеци, а ќе следат и дали ќе има зголемување на берзите, од што ќе зависи цената на лебот.

Според проценките на пекарите, во Штип се продаваат од 10.000 до 15.000 парчиња леб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да дојдам да ти замесам леб„: Урнебесни реакции на Твитер

Пекарите и денеска не испорачуваат леб

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта, вели Груевски

Редакција

(АУДИО) Објавени „бомби“ за Мицкоски и Кичеец

Редакција

Кои се обичаите: Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Редакција