еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(АУДИО) Објавени „бомби“ за Мицкоски и Кичеец

На You tube каналот Facts and Figures, денеска се објавени четири аудио снимки на кои наводно се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и женско лице.

Како што може да се слушне од снимките тие наводно разговараат за соработка за изборите во Западна Македонија и најверојатно се направени пред претседателските избори во април лани, кога и се одржаа локални избори во Охрид.

За пораталот А1он, Кичеец потврди дека снимките се автентични и дека со Мицкоски имал повеќе состаноци.

“Разговорите што се објавени се автентични и се од состанок кој го имав со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски на 14 април 2019 година.

На тој состанок разговаравме за изборите во Охрид и мое помагање. Не знам кој снимал додека сум бил на состаноците. Сме имале повеќе состаноци со претседателот Мицкоски“, вели Кичеец за А1он.

Аудио снимките можете да ги слушнете ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за „бомбите“: Ова е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко и син во Прилеп загинаа во пожар во семејната куќа

Редакција

Ковачевски и Брнабиќ на отворањето на Самит на Македонија2025, кој ќе се одржува денеска и утре

Редакција

Хирургот во кумановската болница Драган Тасевски почина од Ковид-19

Редакција