еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ковачевски и Брнабиќ на отворањето на Самит на Македонија2025, кој ќе се одржува денеска и утре

Невладината „Македонија2025“ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ, кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“.

Според организаторот, фокусот на Самитот ќе биде кон се она што може да се направи за да се избегнат кризите и да станеме попродуктивни и со тоа да се подобри животниот стандард на граѓаните и деловното опкружување за бизнисите.

-Самитот почнува со економски теми и со разгледување на тековните проблеми и она што се случува во Западен Балкан, а потоа ќе поминеме на темите за кои мислиме дека ќе донесат подобра иднина. Сакаме да покажеме и успешни приказни од бизниси од Македонија и од регионот.

Очекуваме околу 40 говорници и околу 400 гости. Главната тема на самитот е поврзана со дигитализацијата и технологиите и како тие носат кон компании, работна сила и администрација на иднината, односно како може да помогнат да станеме поефикасни и попродуктивни и да се подобри животниот стандард, изјави Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на „Македонија2025“.

И годинава, на самитот ќе учествуваат креатори на политики, лидери на компании, членови на дипломатскиот кор и на меѓународни организации и претставници на академската и граѓанската заедница. Ќе доминираат говорници од Западен Балкан и Југоисточна Европа, како и претставници од македонската дијаспора, главно од САД и Канада.

На Самитот ќе се дискутираат актуелни теми, како што се дигитализацијата, развојот на технологијата, важноста на лидерството, градењето на глобални брендови, дигиталните општества, работните места и човечкиот капитал, како и „блок-чеин“ технологиите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заменик министерот за здравство Хасани, кој си поднесе оставка се врати на работа

Редакција

Владата нема да субвенционира земјоделци кои наместо во Македонија, производите ги извезуваат во странство

Редакција

МЕПСО вработува 23 лица, плата до 42.456 денари

Редакција