еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Најмалку 57 загинати во железничката несреќа во Грција, досега за исчезнати се водат 56 патници

Бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 57 лица, според официјалниот брифинг од портпаролите на грчката полиција и грчката противпожарна служба, заклучно со 19.15 часот по локално време.

Портпаролката на грчката полиција Константина Димолиду објасни дека досега биле пријавени 56 лица за исчезнати, а се потврдени 57 загинати, односно еден повеќе од пријавените, а во болниците се хоспитализирани 48 патници, од кои шест се на одделите за интензивна нега, додека пак паралелно во тек е идентификација на жртвите.

-Досега во грчката полиција официјално се пријавени 56 патници како исчезнати. Се нагласува „досега“, бидејќи постои можност некој да бил во возот и да не бил пријавен за исчезнат од блиски или роднини. Засега потврдената бројка на мртви кои се извлечени е 57. Односно еден повеќе од пријавените во списокот, рече Димолиду.

Во однос на идентификација на жртвите, објасни дека се врши преку ДНК, земени се 55 примероци од телата, 52 примероци од роднини на патниците и 26 примероци од пронајдените делови од човечки тела.

-Досега се извршени 24 идентификација на тела од Управата за криминалистички истраги, 20 со ДНК анализа, две со ДНК и анализа на отпечаток од прст и две само со метод на анализа на отпечатоци.

Иако процесот на ДНК вообичаено трае неколку дена, се прават напори тој да заврши до утре, објасни портпаролката на грчката полиција и додаде дека веќе е започнат процесот на информирање на најблиските на идентификуваните жртви.

Портпаролот на Противпожарната служба, Василиос Ватракојанис информираше дека операцијата за пребарување на местото на железничката несреќа продолжува и во следните часови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Пиши кога ќе стигнеш“ –  симболична поддршка и протест од учениците во Грција за железничката несреќа

(Видео) 43 загинати во железничката несреќа во Грција, масовен протест во Атина

МИА/Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир прв во Македонија по активни случаи на Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Редакција

Тендер „тежок“ 15 милиони евра: Владата купува софтверски лиценци од конзорциумот „Аитоникс“-„Крејон“

Редакција

Најубавото од Галичник: Што е тајната на вкусот на галичкото сирење

Силвана Жежова